Тројца загинати и 57 повредени во сообраќајка во Романија

Три лица загинаа, а 57 се повредени во верижен судир што денес се случи во Романија во услови на густа магла.

Според официјални информации, се судриле 20 автомобили и два мини-буса кои оделе во иста насока на главниот автопат кои ги поврзува Букурешт и Црно море.

Несреќата се случила на околу 67 километри источно од главниот град на Романија.