Тунтев: Подготвени се квалитетни законски измени за Јавниот сервис МРТВ(видео)

,,Предлог закон за укинување на радиодифузната такса и изнаоѓање средства за финансирање на МРТВ од буџетот беше предлог на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Тоа беше истиот предлог што нашата пратеничката група го предложи минатата година. Сите сме согласни дека треба да се укине радиодифузната такса и таа се укина. Парите за финансирање на МРТВ ќе се најдат во буџетот и финансирањето воопшто нема врска со влијанието на политиката врз Јавниот радиодифузен сервис, што се покажа изминатиот период на поинакво финансирање. Оваа Влада остави на фелата, на експертите, да водат сметка со измени и дополување на Законот за аудиовизуелни услуги, да се спречат политичките влијанија врз Јавниот сервис. Треба да се сака и да се знае. Овде акцентот го ставаме на информативната програма , која во изминатите години не беше сервис на граѓаните, туку сервилна на власта“-рече пратеникот на СДСМ ,Томислав Тунтев, од собраниската говорница за време на расправата за финансискиот извештај за МРТВ.

Пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев истакна дека извештајот ќе го поддржат за да не ги кочат собраниските процедури. Тунтев најави дека промените во МРТ како сервис на граѓаните, се подготвени од луѓе кои професионално се занимаваат со медиумска и со новинарска дејност.

 

Снежана Клинчарова од МРТ истакна дека за минатата година јавниот радиодифузен сервис остварил позитивно работење со добивка евидентирана на крајот на годината.

Пратеничката Невена Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во 2016 година МТВ имала далеку поквалитетна програмска понуда. За Стаменковска од посебна важност е делот што се однесува на следењето на изборите во 2016 за кои рече, поминало во најдобар ред и што било позитивно оценето.

Народните избраници меѓу останатите извештаи ги усвоија и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2016, годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги за 2016, годишниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренцијата.