Уапсено момче поради влез во Бакингамската палата

Во Лондон денеска е уапсено дваесет и едногодишно момче кое се качило на капијата на Бакингамската палата и влегло во кралскиот двор, соопшти Скотланд јард, пренесува Би-Би-Си.

Во полицијата било пријавено дека машко лице се качува на јужната капија во 13.45 по локално време.
Момчето е уапсено поради недозволен влез во комплексот. Кај него не е пронајдено какво било оружје, но истрагата продолжува, навела полицијата.

Уапсениот е ставен во притвор и ќе биде однесен во психијатриска клиника заради проценка на менталното здравје.