Убиено момче за две кока-коли и демолирани ориентални ресторани во Полска

Полската полиција ги надгледува сите ориентални ресторани во земјата по нередите во градот Елка заради убиството на едно 21 годишно полско момче за време на новогодишната ноќ, по што локалните жители ја демолирале ќебапчилницата ,,Принц кебап,,.

До нередите дошло откако полицијата ги осомничи готвачот во овој ориентален ресторан, Тунижанец и сопственикот на ресторанот кој е Алжирец , дека на новогодишната ноќ со нож го убиле младиот Даниел Р. затоа што избегал со две украдени кока -коли.

Гневните локални жители покрај тоа што го демолирале ресторанот, ја нападнале и полицијата што не дозволувала пристап до него.

 

Полската полиција ќе има тешка работа да ги смири налутените Полјаци кои во принцип не поднесуваат странци, посебно не муслимани и мигранти.

Масло на оганот додаде и министерот за внатрешни работи на оваа земја, кој по нередите и испишаните графити полни со омраза кон исламот и муслиманте, рече дека е тоа нормална реакција по убиството на младото момче.