УЕФА го избра голот на Манџукиќ за најдобар во сезоната

Навивачите во гласањето на сајтот на УЕФА го избраа погодокот што хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ го даде во финалето од Лигата на шампионите во дресот на Јувентус против Реал Мадрид,  за гол на сезоната.

Погодокот на Манџукиќ доби 26 отсто од гласовите, што беше за еден отсто повеќе од тоа што доби голот на Муса Соу од Фенербахче, кој на мечот против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа, даде гол со „ножички“. Третиот најдобар погодок е за фудбалерот на Реал Мадрид, Каземиро, кој доби 20 отсто од гласовите за погодокот против Наполи во ЛШ