Украден златен накит од почината жена во охридската болница

Лице, чијшто идентитет СВР-Охрид засега не го открива, но го знае, извршило кражба на накит од почината жена во охридската болница .

На  5-ти септември,  во полициска станица во Охрид, дошла девојка  којашто пријавила дека истиот ден, додека била на работа и добила информација дека бабата починала, дошло лице да продаде накит, којшто и припаѓал на починатата жена, а таа го препознала. Жената, која потекнува од Косел, починала на интерното одделение во општа болница-Охрид.

Во неутврдено време од настанувањето на смртта, од починатата биле украдени златни обетки од ушите и златен прстен симнат од прстот.

Сакајќи што побрзо да се ослободи од „пленот“, лицето коешто го украло накитот, отишло во една од златарниците во охридската чаршија, каде се обидело да го продаде.

Но, во продавницата работела внука на починатата жена која веднаш го препознала накитот и случајот бил пријавен во полиција – пишува порталот Охрид Њус.

На прашањето од каде му се истите, лицето се исплашило, ги оставило предметите и заминало, се наведува во соопштението од СВР Охрид.

Роднините се сомневаат дека кражбата е извршена од страна на вработен болничар, кој на ваквите обвинувања одговорил дека жената била примена без накит.