Унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто на митинг кај Вучиќ

 

Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто му даде поддршка на претседатеслкиот кандидат на СНС и актуелен премиер на Србија Александар Вучиќ на централниот митинг за поддршка во ,,Комбанк Арена“ во Белград. Ако на митинзите за поддршка на Никола Груевски го слушавме како тоа го прави на македонски јазик, претпоставувате, во Србија тоа го изведе на српски јазик.

-Пред некоја година да ме повикаше некој кандидат на собир за негова поддршка, сите ќе помислеа дека изгубил памет. Но, денес поинаку. Нашите односи се претворија во вистинско пријателство. Добрососедските односи не зајакнуваат и вас нас- им се обрати на српски јазик на присутните унгарецот Петер Сијарто.

На собирот во Белград зборуваше и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, потоа потпретседателот на руската Државна Дума Петар Толстој, актуелниот претседател Томислав Николиќ, глумецот Лазар Ристовски.

Беше објавена и декларација за поддршка на Вучиќ потпишана од 600 познати личности, академици, глумци, пејачи, спортисти…како пандан на поддршката што секојдневно му ја даваат на неговиот противкандидат Саша Јанковиќ луќето од јавниот живот во Србија.