Сите девет обвинети за насилствата во Собранието од 27 април добија условни казни за учество во топла која ќе спречи службено лице во вршење службена должност.

Најголема казна Судот му изрече на Димче Христовски наречен Жабата кој доби 5 години условна казна, во кои не смее да го повотри делото, инаку му се активира затворска казна од 1 година и 6 месеци.

Останатите осуммина добија условни казни од 1 година во која не смеат да го повторат делото, инаку им се активира затворска казна од 6 месеци.

Жабата претходно има криминално досие, тој бил казнет со десетина години затвор поради двојно убиство во Прилеп.

Претходно на рочиштето ја  признаа вината  како што ги товари Обвинителството за дело “учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност”.