Уставен суд ја отфрли иницијативата, граѓаните ќе плаќаат паушал иако не користат парно

Граѓаните кои се дел од топлификациската мрежа, но по сопствена иницијатива не сакаат да користат парно греење, и во иднина ќе плаќаат паушал. Ова е заклучокот од одлуката на Уставен суд кој ја отфрли  иницијативата за оценување на уставноста на оваа обврска, поднесена од иницијаторт „Но Пасаран“, чиишто претставници секоја сабота протестираат пред Регулаторната комисија за енергетика неколку години.

 

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, што значи, обрската на граѓаните на плаќање на паушален надомест останува.

Се проценува дека дури 12.000 домаќинстава во Скопје се исклучени од централниот систем за затоплување на домовите, но обврската за плаќање на паушал мора да остане затоа што тие се дел од колективен систем за парно и цевководите поминуваат низ нивните станови.