Утре на Филолошки факултет ќе се одржи комеморативна седница за Огнен Чемерски

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје , ги поканува сите пријатели и почитувачи на Огнен Чемерски да присуствуваат на комеморативната седница, која ќе се одржи на 13 септември (среда) во 10 ч. во Големиот амфитеатар (А3).

Огнен Чемерски ќе остане запаметен како брилијантен ум, посветен наставник лектор и редок и страстен љубител на зборот, кој ни го остави во наследство капиталното дело, преводот на „Моби Дик“ од Херман Мелвил-стои во објавата на Филолошки факултет.

„Заминувањето на Огнен не е само трагедија за неговото семејство и пријатели; тоа не е само лична загуба што боли и ќе боли катадневно: заминувањето на Огнен, како национално благо (мислам дека еден наш колега лингвист еднаш вака го опиша Огнен) е национална трагедија. И покрај тоа што зад себе остави јазично и научно богатство од кое можеме да учиме со децении, неговата смрт ја доживувам како неповратно губење на еден бунар знаење, историска загуба како горењето на александриската библиотека. Така, витезот, вели Сер Волтер Скот, фанатично се впуштал во опасни и екстравагантни авантури, од кои немал намера да се откаже: како што беше авантурата со Моби Дик, по што Огнен јазично заплови по морињата што ги немаме и кои ни ги измисли, отворајќи ни цели светови за кои не сме биле нималку свесни“ – Румена Бужаровска.

По кратко боледување , Огнен Чемерски (42), почина на 25 август. Тој беше преведувач, лектор и асистент на Κатедрата за англисκи јазиκ при Филолошкиот фаκултет „Блаже Κонесκи“ во Скопје. Чемерски беше пленумец и учесник на Шарена револуција.