Утрински, Дневник и Вест го радикализираат штрајкот

ССНМ соопшти дека штрајкот на вработените во  „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ ќе се радикализира заради игнорантскиот однос на менаџерскиот тима на МПМ.

Имено,штрајкувачкиот одбор одлучил да се зголеми времетраењето на штрајкот од 4 на 6 часа дневно. Досега, менаџментот  иако уредно известен, не покажа интерес за средба со синдикалните претставници.

,,Утре ќе излезе 5.000 број на дневниот весник „Вест“. Жално е што редакцијата ќе го подготвува ова јубилејно издание од позиција на штрајк. Во претходните денови наместо разговор за решавање на проблемите се засилија притисоците врз медиумските работници со телефонски јавувања и закани со отпуштања и казнувања. За сето ова ќе бидат информирани сите релевантни меѓународни институции затоа што правото на штрајк е уставно гарантирано право и е дел од цивилизациските придобивки на демократскиот свет“, се вели во соопштението на ССНМ.