УЧК со ултиматум Албанците да ги напуштат државните институции во Македонија

УЧК постави 72 часовен ултиматум до сите Албанци кои работата во државните инстиуции, да ги напуштат, во спротивно, како што пишува во соопштението број 6, ќе почнат напади.

Веќе подзаборавената паравоена УЧК, се обидува да внесе страв и да воскресне по изрекувањето на пресудите за ,,Дива Населба“ и по протестот во Скопје, на кој учествуваа главно косовски државјани.

Во новинската агенција Лајм пристигнало известување, во име на генералниот штаб на УЧК со седиште во Скопје под реден бр. 6.

Во соопштението кое е наводно од УЧК, се осудува пресудата  на судот  за членовите на кумановската група кои извршија терористички атак врз македонските безбедносни сили, кога загинаа 8, а беа ранети над 40 припадници на МВР.

Ултиматумот на УЧК е  72 часа и треба да заврши во среда на полноќ.