Уште два дена мора да дознаеме кои се кандидатите за градоначалници на општина Центар

Партиите решија до последен момент да тактизираат или да преговараат внатрекоалициски кој ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар. Гласачите од општините кои треба да гласаат за своите градоначалници, а се уште имињата не се објавени, ќе имаат неполн месец да се запознаат со нивните програми и идеи.

Најнеизвесно е во општина Центар, кадешто СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ги кријат имињата на своите фаворите. Андреј Жерновски или Саша Богдановиќ. Или некој трет за СДСМ? Кој ќе му биде противкандидат од ВМРО ДПМНЕ во речиси однапред изгубена битка? Тоа се прашањата што ги мачат партиите, а гласачите веќе како да кренаа раце, па се помалку инсистираат да се откријат нивните имиња.

Но, како и да е,до крајниот рок за поднесување кандидатури им а уште два дена. Имено , во четврток на полноќ мора да бидат поднесени сите кандидатури.

Непознати остануваат и најголем дел од имињата на канидати за скопските општини од ВМРО ДПМНЕ. Покрај официјализираните Ивица Коневски за Аеродром и Владо Мисајловски за Ѓорче Петров, неофицијално во трката за локалната власт во Карпош ќе влезе Стевчо Јакимовски, во Бител Боби Бојчевски, Гази Баба Тони Трајковски.

Кај албанскиоит политички блок пак, покрај официјалните кандидатури на Зијдадин Села за Струга и Абрен Таравари за Гостивар, има информации дека  во Кичево сите ќе го поддржат  Фатмир Дехари од ДУИ.

ДУИ во Тетово повторно ќе ја кандидира Теута Арифи, во Гостивар  Невзат Бејта, а во Чаир Висар Ганиу.

Движење Беса во Тетово ќе оди со Билал Касами, во Чаир со Зекерија Ибрахими.