УЈП и Министертво за финансии од 2008 до 2015 овозможиле поединци и фирми нелегално да се збогатат

Перцепција на СЈО  која се заснова на голем број обезбедени пред се материјални, но и вербални докази е дека во периодот од 2008 до 2015 година, Управата за јавни приходи и Министерството за финансии, не само што не ги извршувале законските должности од делокругот на нивното работење, напротив дозволиле и поединци и други министерства да работат спротивно на законите во Република Македонија, а со тоа овозможувајќи да одредени физички и правни лица се стекнат со имотна корист за сметка на буџетот на Република Македонија-изјави на днешената прес конференција специјалната обвинјтелка Катица Јанева.

Отворањето на денешните финансиски истраги, заедно со предистражните и другите истражни постапки кои веке се водат во ова обвинителство во иднина ќе утврдат на кој начин се перени пари од буџетот на Република Македонија и како потоа овие пари завршувале во приватните џебови на одредени високи функционери во власта и правни лица зад кои исто така се кријат високи функционери на власта-рече Јанева.

Таа ги охрабри сите граѓани на Република Македонија, да соработуваат со ова Јавно обвинителство , бидејки сите овие даночни малверзации и повредата на Законот за јавни набавки, директно влијаат на сиромашниот стандард и финансиските услови во кои живеат огромен број на граѓани.

,,Морам исто така да потенцирам дека овие финансиски истраги се комплексни и покрај нашата целосна посветеност ќе сепак ќе биде потребен подолг период за донесување на јавнообвинителски одлуки од наша страна.

Комплексноста на сите истраги и предистражните постапки кои ги водиме како последица ќе го наметнат надминувањето на периодот од 18 месеци, од друга страна и заради тоа што роковите во кои е задолжено да постапува ова Јавно обвинителство се далеку пократки од роковите во рамки на кои постапуваат останатите јавни обвинителства пред и се од аспект на роковите пропишани со Законот за кривична постапка и секако одредбите за застарување на овие кривични дела.

Од овие причини, а пред се во интерес на сите граѓани на Република Македонија чии пари се злоупотребувани преку предизвикувањето штета на Буџетот на Република Македонија, бараме Собранието на Република Македонија да ја разгледа законската одредба која ја ограничува нашата работа и заеднички да изнајдеме соодветно законско решение кое ќе овозможи до крај да ги истражиме кривичните дела кои се во наша надлежност, а со цел остварување на мандатот и  мисијата на Јавното обвинителство со кое раководам“-рече Јанева.