УЈП спроведува засилена контрола, ,,Тренд“ и ,,Палма“ затворени поради неиздавање фискални сметки

УЈП врши засилена контрола на работата на трговските фирми. Од УЈП потсетуваат дека пред два месеца на прес конференција најавиле дека засилениот мониторинг ќе се спроведува низ цела држава, не само на одредени локации.

Според податоци од УЈП, затворени се повеќе познати  угостителски објекти, поради незаконско работење, а не само два кои се спомнуваат низ медиуми. Дополнително на предупредувањата, пред два месеци беше најавен засилениот мониторинг на готовинскиот промет и контролите од страна на Управата за јавни приходи.

Поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно констатирано нерегистрирање на готовинскиот промет и издавање сметки од паралелен компјутерски систем кој не е поврзан со ГПРС системот на УЈП во угостителсиот објект ,,Тренд“ во Аеродром, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена, и изречена е глоба од 4550 евра за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

Слаткарницата „Палма“ во Аеродром е привремено затворена по инспекциски надзор од страна на Управата за јавни приходи, а е утврдено непочитување на Законот за регистрирање на готовински плаќања. Утврдено е дека во слаткарницата не се издавале фискални сметки што претставува прекршување на законот.