Федерер елиминиран од Дел Потро на УС Опен

 

 

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот УС Опен, откако за два часа и 50 минути, со 3-1 во сетови (7-5, 3-6, 7-6, 6-4) славеше над швајцарскиот ас Роџер Федерер.

Клучен сет за натпреварот беше третиот сет, кој беше во корист на Аргентинецот, затоа што Федерер во тај-брејк пропушти дури четири сет топки, што и не е така карактеристично за Швајцарецот.

Противник на Дел Потро во полуфиналето ќе биде Рафаел Надал кој го совлада Андреј Рублев препуштајќи му само пет гема 6-1; 6-2 и 6-2.

Другата полуфинална двојка на турнирот во Њујорк ја сочинуваат Кевин Андерсон (Јужна Африка) и Пабло-Карењо Буста (Шпанија).