Федерер се изнамачи во првото коло на УС Опен

Светскиот рекет број три, Роџер Федерер се изнамачи во првото коло од Отвореното првенство на Америка УС Опен во Њујорк. Швајцарецот по два часа и 37 минути игра, преку пет сета, 4:6, 6:2, 6:1, 1:6, 6:4, го победи Американецот,Френсис Тиафо кој е 70-ти во ранглистата.

Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот помеѓу Михаил Јужни и Блаж Кавчич.

 

Најдобриот тенисер на светот, Рафаел Надал за нешто повеќе од два часа го елиминира српскиот тенисер, Душан Лајовиќ, победувајќи го во три сета,7-6/6, 6-2,6-2.

 

Ноќешната програма беше прекината поради лошите временски услови во Њујорк и се играше само на Централниот терен кој од оваа година има покрив.