Фелпс го предизвика МекГрегор да се тркаат во базен

 

 

Легендарниот олимписки шампион Мајкл Фелпс го предизвика Ирскиот ММА-борец, Конор Мекгрегор, кој во неделата загуби од Флојд Мејведер во најскапиот бокс меч на сите времиња, да се тркаат во базен.

– Целата таа приказна…. Дали треба да се тркаме?, – го запраша Фелпс МекГрегор.

МекГрегор е познат по тоа што се прилагодува на секакви услови и прифаќа предизвици кои обично никој не би ги прифатил.  Со тој став Ирецот натера и други врвни спортисти од останатите спортови да испраќаат необични понуди до него.

Инаку, во неделата, МекГрегор, во Лас Вегас, со технички нокаут во 10. рунда, загуби од Флојд Мејведер.