Женската феминистичка антиглобалистичка група Фемен се потруди да направи скандал , но и атракција од гласањето на претседателската кандидатка во Франција Мари Ле Пен. Имено, тие вообичаено со голи гради, но овојпат и со маски од Трамп, Асад и таткото на Мари, дојдоа на нејзиното гласачко место и сакаа да ја спречат да гласа.

Освен што предизвикаа инцидент и голем интерес од медиумите, активистките со голи гради, се разбира беа отстранети од полицијата и Мари Ле Пен гласаше без проблем.

Дали голите гради на Фемен ќе ги влошат изгледите или пак ќе и помогнат со пренасочување на вниманието кон екстремната десничарка, ќе се види вечерва кога ќе се знае кои двајца кандидати влегуваат во финалето за избор на Претседател на Франција.