Фетел уште три години во Ферари

 

Четирикратниот светски шампион и лидерот во генералниот пласман, Себастијан Фетел потпиша нов договор со Ферари.  Германскиот возач потпиша нов трогодишен  договор со кој екипата би требало да го задржи до 2020. година, потврди Ферари на својата службена бев страница.

„ Ферари го продолжи договорот со Себастијан Фетел за тркачките сезони во 2018, 2019 и за 2020 година“ – се вели во соопштение на италијанскиот тим.

Фетел е во Ферари од 2015 година. Тој моментално е лидер во генералниот пласман со 214 бодови повеќе од најблискиот ривал Луис Хамилтон од Мерцедес.