Македонското малцинство во Албанија нема кој да го чуе. Младата  поетеса со македонско потекло, Фидана Ќилханџиу, на вчерашната трибина во Прилеп, ги воодушеви присутните со нејзиниот кус говор, изговорен за жал,  на лош, македонски јазик, но искрено и од срце. Но, не сум јас виновна што не го знам добро мојот мајчин јазик, рече Фидана:

 

,,Само ние треба да се разбудиме и да сфатиме дека македонското малцинство во Албанија има потреба од својата матична држава“-коментира историчарката проф. д-р Катерина Тодороска .

Вчера во Прилеп се одржа трибината „Македонците во Албанија – искуства и предизвици“ , но немаше претставници на Владата, ниту на локалната самоуправа.

Македонците во Албанија се наоѓаат под засилена бугарска пропаганда, а македонската држава само немо набљудува и не презема никави чекори. Ова беа главните поенти кои се изнесоа на оваа научна трибина , организирана од ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

 Во октомври албанскиот Парламент изгласа закон со кој се признава постоење и на бугарско малцинство во Албанија и од тогаш започнале поголемите проблеми за Македонците, кои трпат класична асимилација преку мисија на делење бугарски пасоши од официјални претставници на Владата во Бугарија.

АКО.мк