ФИФА покрена истрага против Германија за нацизам

 

 

Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против Германија бидејќи германските навивачи извикувале нацистички пароли на дуелот против Чешка.

Германија во Прага ја победи Чешка со 2-1, меѓутоа триумфот на актуелниот светски шампион беше засенет од скандирањето и однесувањето на фановите на трибините. На почетокот на натпреварот тие ја свиркаа химната на домаќинот, користеа пиротехнички средства, го навредуваа напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вердер, а најбурни реакции во јавноста предизвика скандирањето „Зиг хајл“ за време на натпреварот.

Поголемиот дел од фудбалерите, како и селекторот Јокаим Лев преку изјави за медиумите и социјалните мрежи реагираа и рекоа дека оваа група навивачи не ги претставува Германците и дека тие не играле за нив.