ФК ,,Партизан” суспендиран од Лига на шампиони и Лига на Европа

Европската фудбалска унија (УЕФА) му забрани на  фудбалскиот  клуб Партизан да игра во Лига на  шампиони и Лига на  Европа во една од  наредните три сезони заради   неисплатени долгови .

Во соопштението се наведува дека Партизан до септември минатата година должел речиси два милиона евра, пред се за данок и придонеси.

Се наведува дека суспензијата е невообичаено драстична казна, но дека тоа е потребно заради прекршување на договореното во три наврати.

Во 2013 година заради слични проблеми Партизан доби едногодишна условна суспензија, па заради тоа УЕФА заклучила дека сега мора да се изрече построга казна.

РТС