,,Сакам да им заблагодарам посебно на премиерот на Република Македонија, господинот Зоран Заев, и лидерот на Албанците во Македонија, господинот Али Ахмети, за нивниот придонес за започнување на правдата на една голема неправда што ми е направена, овозможувајќи ми да се вратам кај моето семејство, напиша Флорим Малоку на својот „Фејсбук“ профил и постави фотографија бел галеб како лета слободно.

Во 2010 година на вкупна казна од 29 години затвор,   судот  ги осуди четворицата обвинети за грабежот на Прокредит банка што се случи во април, 2009 година.

Осум години затвор доби косовскиот државјанин Флорим Малоку, на истата казна беа осудени и скопјаните Авдиљ Тахири и Идриз Рустеми, додека Бислим Тахири  доби пет години затвор.
На изрекувањето на пресудата  во Основниот суд 1 во Скопје присуствуваа само двајца од обвинетите, косовскиот милионер Малоку и скопјанецот Бислим Тахири, додека останатите двајца беа недостапни за полицијата и судот.

Според пресудата на судот, групата го испланирала и извршила вооружениот грабежот на банката на 10-ти април 2009, при што беа повредени петмина полицајци и обезбедувачи на парите. Ограбувачите успеа да избегаат со 50 илјади евра плен.

Денеска во Приштина пријателите, меѓу кои и Љубе Бошковски, го прославија ослободувањето на Малоку.Бошковски беше придружуван од Идриз Сулејмани од Желино, а прославуваа во хотелот “Принцот на Арберите”, во сопственост на Флорим Малоку-Флоки, известуваат повеќе косовски медиуми.
Лубе Бошковски беше заедно со Флорим Малоку во затворот Идризово , а по излегувањето од  затвор рече дека Флоки е уапсен без никаква вина.

,,Денеска сме со мојот брат или со мојот драг пријател Флорим Малоку- Флоки, кој  беше ослободен од затворот Идризово во Македонија и сега сме во неговиот хотел во Приштина, Принцот на Арберите”, напиша по овој повод на својот ФБ профил Идриз Сулејмани, а пренесоа медиуми на албански јазик од Македонија и од Косово.

АКО.мк