Форум за демократска Македонија потсетува дека РМ е уставно секуларна држава

Форумот за демократска Македонија по повод неодамнешните Бадникови поворки во кои учествуваа повеќе од 7000 деца потсетува дека Република Македонија според уставот е секуларна држава, конституирана како суверена, самостојна, граѓанска и демократска земја.

Ниту една верска институција нема монопол и право да наметнува ставови околу културно-историската традиција, и за таа цел да користи логистичка, финансиска и политичка поддршка од државните институции.


Форумот за демократска Македонија ќе продолжи да се залага за изградба на Македонија како демократска, прогресивна и просперитетна држава во која никој нема право да злоупотребува поединци, а најмалку деца. Очекуваме од секоја власт, сега и во иднина, да го почитува Уставот и секуларниот карактер на државата, се вели во соопштението на ова здружение на македонски иселници.