Делегација на Форумот за демократска Македонија во Лондон се сретна со македонскиот министер за дијаспора Едмонд Адеми. На средбата беше договорено учество во работната група за подготовка на Национална стратегија за соработка со дијаспората (2018-2023).
Форумот за демократска Македонија активно ќе се вклучи во креирањето на четирите столба предложени од македонската влада како приоритети на националната стратегија: политички права, економско-инвестициска, култура, образование, наука и млади. Претставниците на Форумот за демократска Македонија на министерот Адеми освен експертска помош и соработка на Националната стратегија за соработка со дијаспората понудија и волонтерска менторска програма и помош што би придонела во трансферот на знаења и вештини од експерти во одредени области како судство, менаџерство, медицина, новинарство, лидерство.