Фоњини остана без 63.000 долари и без бодови од УС Опен

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини ќе остане без награден фонд и бодови од овогодишниот турнир на САД, УС Опен, поради инцидентот со судијата.

Италијанецот беше суспендиран поради навреда на судијката за време на поразот во првото коло од сонародникот Стефано Травалја. 30-годишникот, ја навредуваше шведската судијка Луиз Енгзел и стигна до третото коло во двојки, но организаторите на Гренд слемот го исфрлија од турнирот. Фоњини кој е 26. играч на АТП листата требаше да заработи 63 000 долари за настапот во Њујорк.

Организацискиот борд соопши дека спроведува истрага дали Фоњини направил и потежок прекршок. Ако се утврди вина, на тенисерот од Санремо може да му биде изречена казна од 250.000 долари.

Околу суспензијата на Фоњини се огласи и Рафаел Надал.

“Зарем три дена по инцидентот требаше да се чека па да се суспендира?. Тој потоа победи во два меча.  Би било подобро тоа да беше сторено веднаш “, истакна Надал.