Французите ќе му подигнат статуа на Надал

Француската тениска федерација одлучи да му подигне статуа на десеткратниот победник на “Ролан Гарос”, Рафаел Надал.

Нејзиниот претседател, Бернард Гудичели изјави дека заедно со Надал одлучиле како ќе изгледа статуата.

– Заедно со Надал успеавме да ја избереме статуата. Потоа ќе има конкурс на кој ќе биде избран најдобриот уметник. Статуата ќе ја поставиме на влезот на ,,Филип Шатрие, – изјави Гудичели.

Годинава Рафаел Надал ја освои јубилејната десетта титула на „Ролан Гарос“ откако во финалето во три сета го победи Стан Вавринка. На овој турнир Шпанецот има неверојатна 98 процентна успешност со само два пораза и 79 победи во 81 одигран меч.