Францускиот претседателски авион опремен со израелски противракетен уред

Авионот на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, деновиве е опремен со нов противракетен уред од израелско производство.

Системот „C-MUSIC“ произведен во компанијата Елбит, чини еден милион долари и се смета дека е најсовремен од таа врста, наведуваат израелски медиуми.

Неодамнешните фотографии од претседателскиот авион Ербас А330-200 покажуваат дека на горниот заден дел од трупот на авионот има купола во која е сместен уредот за одбрана од ракетен напад.

Системот се состои од термални камери кои според топлината утврдуваат приближување на ракета и уред кој „истрелувајќи“ ласерски блесок го менува патот на проектилот и тој ќе експлодира на безбедна далечина од леталото.

elbit-systems-2

elbit-systems-3