Францускиот Претседател Макрон ја однесе победата и на парламентарните избори

 

,,Републиката во движење“ на францускиот Претседател Емануел Макрон, освои над 32 процента од гласовите на вчерашните парламентарни избори во Франција. Многумина овие резултати ги прогласија за револуција на политичката сцена.
Според проекциите, оваа партија, неодамна формирана, освои над 400 пратенички места во Парламентот од 577 пратеници.
Но, борбата допрва претстои, пишуваат францускиоте медиуми, бидејќи во Франција при вакви резултати се одржува тор круг на гласање. Гласањето се одржува наредниот викенд.

Партијата на Макрон и сојузничката партија од десниот центар Модем имаат 32,6 отсто од гласовите во првиот круг. Зад нив се наоѓаат конзервативните републиканци со 20,9 отсто, па екстремно десничарскиот Национален фронт со 13,1 отсто, и на дното социјалистите и нивните партнери со 9 отсто.

Резултатите што ги оствари Макрон преку неговата, речиси приватна партија, се запрепастувачки за многумина. Но , повеќето гледаат со одобрување. Политичките аналитичари коментираат дека еден ,,новајлија“ успева толку суверено да владее со политичката сцена во Франција. Тој се покажа и на меѓународната сцена , првин, победнички се ракуваше со Трамп, а потоа, без око да му трепне зборуваше пред Путин за отсуство на демократија во неговата земја.

Толку многу освежува оваа Макрон-револуција во Франција. Таму завладеа вистинска макроманија. Се појавуваат нови и свежи лица на политичката сцена, многу жени, луѓе од стопанството, од граѓанското општество кои сакаат да се занимаваат со политика.

Франција има потреба на секои сто години да прави помало и ли поголемо револуционерно движење. Емануел Макрон мора цврсто да остане на земја, да слуша и напорно да работи, за да не ја прокоцка огромната доверба што ја добива, пишува Дојче Веле.