Франческо Тоти наполни 40 години

Еден од најдобрите италијански фудбалери Франческо Тоти го прославува својот 40-ти роденден. Својот јубулеј популарниот Il Principe, го дочекува на фудбалските терени, во полна форма, со актуелна кариера која се уште се одликува со добри асистенции и многу голови. Неговите обожувачи и колеги на различен начин му го честитаат роденеденот, но на медиумите, се чини најмногу впечаток им остави честитката од Меси.

Кралот на Рим, или римскиот бог како што го нарекуваат, целата своја кариера ја поминува во Рома.

-,,Рома е е неговата ДНК, Рим е неговата ДНК. Ако му го земете тоа, ќе добиете само корупка од човек”- изјавил Карло Мацоне, човекот кој го создаде Тоти. И затоа никогаш не заминал! Ниту некогаш ќе замине! – Изјавил Мацоне.