Фудбалери проговорија за силувањата од тренерот

Голем скандал ја тресе деновиве Велика Британија откако неколку фудбалери,сегашни и поранешни проговорија во јавност дека биле силувани од своите тренери како деца.

Поранешниот фудбалер на тимот Кру, Енди Вурвод минатата недела прв ја откри својата ужасна тајна дека поранешниот тренер на тимот Александар Бери Банел го злоставувал повеќепати кога бил дете.

Веднаш по него, откако ја видел неговата приказна, весникот Гардијан ја откри долгогодишната тајна на фудбалерот Крис Ансворт кој се одрече од анонимност откако ја слушнал приказната на Вудворд и раскажа дека и тој бил жртва на тренерот кога играл како младинец во Манчестер Сити кога тренер бил Бенели и потоа со истиот тренер преминал во Кру.

Ансворт пред целиот тв аудиториум раскажал дека бил неколкупати во куќата на Бенели и дека понекогаш во неговиот кревет наоѓал по неколку момчиња кои континуирано биле сексуално злоупотребувани од нивниот тренер.

,,За тоа никогаш не разговаравме меѓу себе. Мене ме силуваше меѓу 50 и 100 пати,,-призна Ансворт.

Тој го напуштил фудбалот кога имал 16 години и станал голфер.

Седнати во иста емисија на ББЦ неколку поранешни фудбалери раскажуваа за своите долгогодишни мрачни тајни и трауми од силувањето на истиот тренер Александар Бери Бенел (62).

bary

Бенел уште 1998 година бил во затвор заради сексуална злоупотреба на деца, а минатата година повторно е уапсен и добил нова затворска казна. Во САД служел четиригодишна затворска казна за истото дело.Моментално е на слобода.

По првото јавно признание, отворена е специјална телефонска линија и веќе имало 50 јавувања.

Поранешниот млад играч за Манчестер Сити Џејсон Данфорд

jason раскажува дека на некој летен камп истиот тренер се обидел да го допре во креветот, но отако овој се спротиставил Бенел почнал да го малтретира и на крај го исфрлил од клубот. Другите фудбалери кои биле злоупотребувани од него кажуваат дека им се заканувал, дури дека ќе им ги убие и родителите ако кажат некому.

Полицијата соопшти дека веќе 11 мажи дале изјави за сексуална злоупотреба .