Фудбалерот на Бешикташ Рикардо Кварежма гаѓан со нож од трибините(видео)

Португалецот Рикардо Кварежма, фудбалер во турски Бешикташ, на последниот натпревар меѓу  Бешикташ и Коњаспор во Суперкупот на  Турција од трибините бил гаѓан со нож! На видеото подолу се гледа како му го предава на главниот судија:

За жал, на натпреварите во Турција не е реткост од трибините кон играчите да летаат различни предмети. Насловната фотографија е со истиот фудбалер , но гаѓан со камен.

И покрај заложбите, надлежните не можат да го решат проблемот со безбедноста на стадионите во Турција.