Фунтата паѓа заради одлуката за Брегзит

Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, изјави дека британската фунта ја губи вредноста поради тоа што инвеститорите стануваат се повеќе свесни дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ.

Фунтата денес утрината претрпе еден од своите најголеми падови. За неколку минути изгуби шест проценти од својата вредност, со што падна на најниско ниво во последните триесет години, но после тоа таа закрепна.

Вчераноќ британската валута од 1,26 долари падна на 1,18, а подоцна „си дојде на себе“ и чинеше 1,25
долари.

Причините за овој неверојатен пад којшто се случи „во ниедно време“, кога работеа само азиските берзи, сеуште не се познати.

Би-Би-Си наведува неколку можности. Една од нив е дека компјутерските алгоритми реагирале на веста за изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд дека сака цврсти преговори со лондон за Брегзит.

Втората можност е човечка грешка, на пример, дека некој од трговците некаде додал една нула кога правел понуда.