Хакерите го испратија Меси во Реал Мадрид

 

 

Откако пред неколку дена Твитер профилот на Барселона беше мета на хакерски напад, утрово на официјалната фан страна на Реал Мадрид беше најавен трансфер на Лионел Меси со порака “Добредојде Меси!” на повеќе јазици.

На твитот беше поставена фотографија од Меси како се радува по постигнатиот гол на последниот меѓусебен првенствен меч одигран на “Бернабе” кога тој и донесе победа на Барса во 92. минута.

Неколку часа подоцна ситуацијата е ставена под контрола и твитовите се избришани.

Претходно, на профилот на Барселона, беше најавен трансферот на Ди Марија.