Хамилтон пред  Фетел на Големата награда на Белгија

 

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Белгија која се возеше на патеката „Спа“. Британецот ја искористи пол-позицијата и ја запиша својата 58. победа во кариерата завршувајќи пред Себастијан Фетел и Даниел Рикиардо. Четвртата позиција му припадна на Кими Раиконен.

Во генералниот пласман прв е Себастијан Фетел со 220 бода, додека Хамилтон е на втората позиција и зад лидерот заостанува седум поени. Третото место му припаѓа на Валтери Ботас.

Наредната трка во Ф1 се вози во Италија, на патеката „Монца“, на 3. септември.