Хамилтон ја освои Монца за прво место во генерален пласман

Британскиот возач Луис Хамилтон е победник на 13. овосезонска трка во Формула 1, која се возеше за ГН на Италија на патеката „Монца“ Тоа е 59.триумф за него во кариерата, со кој успеа да избие и на првото место во генералниот поредок со 238 бода, три повеќе од Себастијан Фетел.

Хамилтон кој вчера ја освои рекордната 69-та пол-позиција во кариерата, имаше добар старт, успеа да ја одбрани пол-позицијата и со соло возење до последниот круг стигна до победата.

Валтери Ботас заврши на втората позиција, а Германецот Фетел се искачи на подиумот како третопласиран. Четврт на целта пристигна одличниот Даниел Рикиардо кој повторно беше проласен за возач на денот бидејќи имаше одлична трка и со напредок од дури 12 позиции во однос на стартот..

Наредната трка се вози на патеката во Сингапур на 17 септември.