Хан започна со Димитриев, продолжува со министерски состанок за Западен Балкан

 

„Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со премиерот Димитриев. Потоа состанок со министрите од земјите од Западен Балкан за зајакнување на енергетската поврзаност“, напиша Хан на својот Твитер налог за неговата работна агенда во Скопје. Тој не ги најави средбите со политичките лидери за политичката криза во Македонија, но вчера од кнцеларијата на ЕУ во Скопје потврдија дека во нивното седиште после 14 часот Хан ќе оствари средби со претседателите на СДСМ, на ВМРО ДПМНЕ, како и на ДУИ и со другите кои се застапени во Собрание на РМ.

 

Starting a busy day in w talk w Dimitriev. Then Western Balkans Energy Ministerial t boost .

Министерски состанок на земјите од Западен Балкан, на кој  присуствуваат и Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, италијанскиот Државен потсекретар за надворешни работи Винченцо Амендола и Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќсе одржува под покровителство на МНР.

Овој состанок претставува неформална средба на министрите за надворешни работи од балканските земји вклучени во тнр. „Берлински процес“. На состанокот ќе се разговараат прашања од областа на регионалната соработка во различни сегменти, но со посебен акцент на заедничките регионални предизвици, економскиот просперитет и меѓусебното поврзување, владеењето на правото и анти – корупцијата, во функција на интегрирање на сите Балкански земји во ЕУ.