Хаос во Републиканската партија

Еден месец пред одржување на претседателските избори во Америка, Републиканската партија заради нејзиниот кандидат Доналд Трамп се наоѓа во хаос, До точка на топење…со овие наслови медиумите во САД продолжуваат да известуваат за скандалот во кој се најдоа републиканците по објавувањето на снимката сo сексистичките коментари на нивниот кандидат.

Медиумската кампања е особено силна на CNN и другите медиуми кои важат за поддржувачи на Хилари Клинтон.

Ударно се известува за реакциите на јавноста, видните републиканци, а во програмата бе[е директно вклучена репортерка на на Wall Street Journal Моника Ленгли ( Monika Langley), Која раскажа дека се јавила кај Трамп и разговарала со него. Таа го прашала дали по скандалот ќе се повлече, но тој рекол- Ме знаеш ти мене, никогаш не се откажувам. Таа вели дека Трамп рекол дека шансата да се повлече е нула, бидејќи тој ја има поддршката, а не Хилари. Репортерката била изненадена од неговите одговори.

Но, повеќе високи и видни личности од GOP (Голема Стара Партија) како што се нарекува Републиканската, веќе јавно се откажаа од поддршката на Доналд Трамп. Тоа го сторија поранешниот претседателски кандидат Џон Меккејн, како и поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс.

Трамповата трета сопруга Меланија, која се омажила за него неколку месеци пред да се случи скандалозната снимка, изјави дека таа му простила, го прифатила неговото извинување и побара и другите да го сторат тоа и да се фокусираат на проблемите за кои Трамп им нуди решенија.

Но, само два дена пред втората телевизиска дебата, Доналд Трамп е под невиден притисок да се повлече од кампањата.

Нему не му падна на памет ниту еднаш да ја негира автентичноста на снимката или да постави прашање како е направена и кој ја доставил до Вашингтон Пост за објавување.

cnn