Харадинај стана Премиер со гласовите на косовските Срби и поддршка од Вучиќ

Со 62 гласа ЗА, еден повеќе од неопходното мнозинство, Рамуш Харадинај , кој неодамна проведе неколку месеци во екстрадиционен притвор во Франција, е новиот Премиер на Косово. Поддршката од косовските Срби беше клучна, а партијата Српска листа, ќе добие три министерства и неколку заменички места.

Дека во политиката е се можно, потврдува и реакцијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека ја поддржува одлуката на косовските Срби да бидат дел од владата на поранешниот воен командант на ОВК; но нагласи дека Србија нема да ја повлече меѓународната потерница за воени злосторства за Харадинај.

Харадинај истакна дека  во работата на парламентот треба да учествуваат и Демократскиот сојуз на Косово и движењето Самоопределување, и дека „Косово ќе тргне по нов пат, по патот на развојот“.

На прашањето дали Српската листа ја условила поддршката на владата, Харадинај одговори: „Воспоставивме доверба и ќе работиме согласно на Уставот“.