Прекинато е изрекувањето на пресудата на босанскиот Хрват, Слободан Праљак, кој во живо, пред тв камерите, се напи течност од мало шишенце, тврдејќи дека тоа е отров.

Адвокатите веднаш побараа пауза, по што тој беше изнесен од судница и повикан доктор за да ја констатира неговата здравствена сосотојба.

Праљак е осуден на 20 години затвор за злосторство над Муслиманите во т.н. Херцег-Босна.

Тој беше началник на главниот штаб на хрватскиот совет на одбрана. Пиејќи ја течноста од шишенцето, за која тврди дека е отров, рече:

,,Праљак не е воен злосторник. Со презир ја отфрлам вашата пресуда.“