Хет-трик на Костадинов за победа на младите фудбалери над Ерменија

 

Нашата млада фудбалска репрезентација за фудбалери до 21 година тргна со победа во квалификациската група „7“ за пласман на ЕУРО 2019 Италија. Во Ереван е совладан Ерменија со 3-0 благодарение на хет-трикот на Тихо Костадинов.

Првиот гол беше постигнат рано уште во осмата минута, а во 26 минута веќе беше 0:2, резултат со кој се замина и на полувремето. И двата гола нашата селекција ги постигна после грешки во одбраната на домаќините. Конечните 0:3 беа поставени во 72 минута.

Во следниот натпревар што ќе се игра на шести октомври, нашите фудбалери се домаќини на селекцијата на Србија, а четири дена подоцна му гостуваме на Гибралтар.