Хидинк најсериозен кандидат за тренер на Интер

Холанѓанецот Гус Хидинк е најсериозен кандидат за тренер на милански Интер, пренесе „Дејли мејл“.

Холандскиот стратег е без работа од крајот на минатата сезона, кога работеше како времено решение во Челзи после отпуштањето на Жозе Мурињо.

Сопствениците на Интер, кинеската групација Сунинг, го отпуштија пред неколку денови тренерот Франк де
Бур, поради лошите резултати.

Екипата претрпе седум порази во 14 натпревари.

Хидинк (69) во текот на својата кариера ги предводеше репрезентациите на Холандија, Русија, Австралија и Турција и клубовите Реал Мадрид, ПСВ Ајндховен, Фенербахче, Челси, Валенсија и Бетис.