Хит фотографија со фудбалерот Фелаини на светските медиуми направена од фоторепортерот Борис Грдановски

Македонскиот фоторепортер Борис Грдановски, којшто работи за АП, го „улови“ фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини, во момент , дел од секундата, на удар со топката на Супер Купот во Скопје.

Фотографијата доби светски публицитет, а освен медиумите, фотографијата на својот твитер налог  ја сподели и  Фелаини .

Thank you to everyone who posted & sent me this 😂😂😂😂😂😂

„Благодарам на сите кои ја објавија и ми ја пратија оваа фотографија 😂😂😂😂😂😂  – напиша Фелаини на „Твитер“.

Борис Грдановски  20 години работи како фоторепортер , а покрај АП, тој работеше и во Вест и во Нова Македонија.

 

АКО.мк