Храна за убава кожа

Дали знаете дека внесувањето на нездрава храна не само што влијае на здравјето,туку и на изгледот на вашата кожа.Промената на кожата е еден од првите показатели дека нешто не е во ред и поради тоа треба да припазите и секогаш да конзумирате само најквалитетни намирници за да биде убава вашата кожа и да имате нормална тежина.Постои храна што на вашата кожа ќе и ги даде сите потребни состојки,со тоа што нема да биде само убава туку и сјајна и здрава.

Со промената на животните навики, ќе го поправите квалитетот на животот и ќе чувствувате задоволство заради вашиот надворешен изглед.Без разлика што генетиката игра голема улога каква кожа ќе имате, дали полесно слабеете или брзо качувате килограми,не треба да заборавите на намирниците без кои е тешко да имате цврст имунитет и поголема отпорност на разни болести. За убава кожа потребно е да ја збогатите исхраната со намирници кои делуваат како антиоксиданси и тоа помага во чистењето на организмот од сите штетни бактерии.Зелениот чај се наоѓа високо на скалата за ефикасни оксиданси,а докажано е дека помага на кожа што е склона на акни.

Зелениот чај е добар начин да го започнете денот со замена за конкретен оброк кој ќе ве држи сити со часови, а за ручек можете да одберете храна богата со омега 3 масни киселини, кои помагаат да задржат одредна количина на вода во организмот. Бадемите се уште еден сојузник кој ќе ви помогне да изгледате и да се чувствувате убаво во својата кожа,со помош на доволната количина на витаминот А. Исто така бадемите се одлични за намалување на холестеролот благодарејќи на монозаситените масти.

Подготви:Ангела Лазаревска