Фотографијата  на која се гледа како хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ прави селфи со камила, стана хит на социјалните мрежи во Хрватска, а потоа и во регионот.

За време на посетата на Копривничко -Крижевската жупанија , Китаровиќ ја посетила тврдината Стари Град во Ѓурѓевац, каде што направила селфи со-камила!

Фотографијата ја објавиле новинари кои присуствувале на настанот, со забелешка дека чекаат претседателката тоа истото да го стори на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Но, сепак досега тоа не се случи, што покажува дека сепак некој се чини ја предомислил во намерата да го стави на увид на јавноста, во најмала рака , ова чудно селфи.