Хрватската Претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, во духот на модерната ера на комуникации, упати честитка до црногорскиот Претседател Филип Вујановиќ по повод приемот на Црна Гора во НАТО на ,,неговиот“ твитер налог:

Welcoming our neighbour to the Alliance. @PredsjednikCG

Но, овој твитер налог PREDSJEDNIKCG, всушност е лажен и од шеговит карактер. Шегаџиите и одговорија на Китаровиќ:

@KolindaGK Hvaja Kojinda, vidimo se posje neke konfejencije da pijemo dojc 😙♥

@PredsjednikCG @KolindaGK Hvala na iskrrrenim cestitkama Kolinda, Filip i ja cemo se potrruditi da obezbijedimo ispijanje dojcha na Svetom Stefanu slava mu i milost

И така, добрите намери на хрватската Претседателка завршија со општа шега на социјалните мрежи во регионот.