Хрватски ,,Агрокор” пред банкрот?

Еден од најбогатите хрватски бизнисмени Ивица Тодориќ , сопственик на концернот ,,Агрокор”, е во големи финансиски проблеми, пишуваат медиумите од регионот.

Тодориќ ја рашири својата финансиска империја во повеќе земји од регионот, а најмногу во Србија, каде има 7000 вработени. Тој ги купи трговските синџири ,, Идеа”, ,, Меркатор ”, ,,Рода”, ,, а е сопственик и на фабриките,,Дијамант”, ,,Фриком”,,МГ Мивела” и други.

Според пишувањето на хрватските медиуми, оваа години ќе биде клучна за Тодориќ, бидејќи доаѓаат за наплата огромните кредити што компанијата ,,Агрокор,, ги има подигнато за купување на сите овие фабрики и трговски марки.

 

Агенцијата Moody’s го намали рејтингот на компанијата од  B2 на B3. Рејтингот е намален заради комбинација на послаб резултат во работењето и големото ниво на задолженост на компанијата.

Минатата недела на Агрокор не и се одобрени кредити кои биле побарани од 4 банки. Сите овие информации предизвикаа паника кај доверителите и значителен пад на акциите на Агрокор на берзата.

Во Македонија, Агрокор вложи во откупен центар во Струмица , но веднаш го презеде Агрофруктус, кој беше една од фирмите на групацијата со седиште во Б и Х. Неодамна, на сезонските работници не им беа продолжени договорите за работа.