Хуманитарен бал на Inner Wheel Скопје за изградба на групен дом за деца од болницата во Демир Капија

Inner Wheel Скопје , ја подржа иницијативата на сојузот на Ротари клубовите од Македонија, на која преку партнерство со УНИЦЕФ се спроведува иницијативата “СЕМЕЈСТВО ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ”. Средствата од хуманитарниот бал, што се одржа синоќа во Скопје се наменети за изградба на МАЛ ГРУПЕН ДОМ, во кој вонинституционално ќе бидат сместени децата од посебната болница од Демир Капија. На донаторскиот бал присуствуваа претставници на УНИЦЕФ, амбасадори од Дипломатскиот кор во Македонија , гости од повеќе Ротаријански семејства. На присутните им се обрати Министерката за Труд и социјала Мила Царовска, со поддршка и поттик за ваквите иницијативи во копартнерски однос и од државните органи, за да го менуваат и олеснуваат животот на ранливите категории.

Хуманитарниот бал е одржан во рамки на одбележување на 3 декември, Светски ден на лицата со попреченост. Се проценува дека во Македонија околу 10 проценти од населението или дури 200.000 луѓе, имаат некаков вид попреченост.