Хуманитарен пикник за вработениете на ,,Алкалоид“ кои донираа за Детска клиника

Седми пат по ред, компанијата ,,Алкалоид“ ја продолжи традицијата организирајќи хуманитарен пикник за вработените, членовите на нивните семејства и нивните пријатели. На годинешниот хуманитарен хепенинг, спроведен под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и компанијата ,,Алкалоид“, собрани се над еден милион денари.

– Средствата од донациите ќе бидат искористени за доопремување на два оддела на Клиника за детски болести во Скопје. Ќе бидат доопремени одделот за епилепсија на одделението за неврологија и одделот за астма на пулмо-алерголошкото одделение. Задоволни сме што секој поединечен дел од нашето семејство придонесува за подобар живот на сите нас –изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“.

Директорката на клиниката, д-р Катерина Ставриќ изрази благодарност за донацијата и тоа  токму на десетгодишнината на фондацијата.